Во соопштение амбасадата на САД наведува дека Република Српска е ентитет во рамки на Босна и Херцеговина / Photo: ФЕНА

Претседателот на ентитетот Република Српска и претседател на СНСД, Милорад Додик, не е во право ако мисли дека Соединетите Американски Држави ќе застанат настрана додека тој ја турка Босна и Херцеговина во конфликт, соопшти американската амбасада во БиХ.

Од американската амбасада на социјалната мрежа Х, наведуваат дека Република Српска е ентитет во рамките на државата Босна и Херцеговина.

„Тоа е составен дел на државата, но ниту Република Српска ниту Федерацијата БиХ не постојат надвор од Босна и Херцеговина. Уставот на БиХ не му дава право на ентитетот или на која било друга поддржавна единица да се отцепи. САД во неколку наврати јасно ставија до знаење дека ќе дејствуваат против антидејтонските акции, а отцепувањето е акција против Дејтон“, соопштија од американската амбасада во БиХ.

TRT Balkan / агенции
Популарни