Иако предизвика проблеми во одвивањето на сообраќајот во најфреквентниот дел од денот, кога голем број граѓани се враќаат дома од работа, училиште и факултет, првиот снег сезонава донесе идилични глетки на улиците на Сараево.     Фото: АА / Photo: AA

Снегот што почна да паѓа во текот на вчерашниот ден во поголемиот дел од Босна и Херцеговина, синоќа го прекри и главниот град Сараево.

Иако предизвика проблеми во одвивањето на сообраќајот во најфреквентниот дел од денот, кога голем број граѓани се враќаат дома од работа, училиште и факултет, првиот снег сезонава донесе идилични глетки на улиците на Сараево.

По период на интензивно загадување, снежните врнежи донесоа нешто почист воздух во градот.

Според прогнозата, утревечер во Сараево се очекуваат нови врнежи.

AA
Популарни