Околу 12 часот се урнал дел од настрешницата над влезната врата на зградата на станицата

Во Нови Сад, Србија, се урна дел од железничката станица, а на терен се голем број пожарникари, полицајци и екипи на итната помош.

Српските медиуми објавија дека се стравува дека при уривањето има неколку повредени, а има и жртви.

Од итната помош велат дека не можат да зборуваат за бројот на повредени и за степенот на повредите, бидејќи интервенциите се во тек.

Околу 12 часот се урнал дел од настрешницата над влезната врата на зградата на станицата.

AA
Популарни
Оваа страница користи колачиња. Продолжувајќи да ја пребарувате страницата, се согласувате со употреба на колачиња.Политика за колачиња
Прифати