Претседателот на Големото национално собрание на Република Туркије (ТБММ) Мустафа Шентоп во рамките на официјалната посета на Северна Македонија се состана со премиерот на оваа земја, Димитар Ковачевски.
Прес-службата на Владата на Северна Македонија соопшти дека на состанокот се потврдени традионално добрите односи помеѓу двете држави коишто бележат унапредување. Тоа, како што е констатирно, може да се согледа и од фактот дека Туркије е меѓу најголемите трговски партнери на Северна Македонија, а во државава има и значителен број турски инвеститори кои веќе инвестираат, или се заинтересирани за инвестирање во земјава.
„На средбата е пренесен поздрав од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, до премиерот Ковачевски и силна поддршка од Република Туркије за напредокот на Република Северна Македонија во делот на евроинтеграциите, по почетокот на преговорите“, се наведува во соопштението.
Заеднички е констатирано дека европските интеграции на Северна Македонија се значајни за перспективите на нашата земја, но и за стабилноста на целиот регион, како и на Европа.
„Премиерот Ковачевски се заблагодари за значајното, искрено, долгогодишно и континуирано пријателство и поддршката од Република Туркије на нашата држава, од осамостојувањето до денес, што продолжува да се развива во рамки на партнерството на двете држави во НАТО“, информираа од Владата на Северна Македонија.
Се додава дека во таа насока посебно е истакната соработката во областа на одбраната.
Разговарано е и за значењето на поддршката од Туркије и соработката во областа на енергетиката.
На состанокот, во пресрет на утрешниот државен празник за турската зедница во земјава, Денот на наставата на турски јазик, премиерот Ковачевски нагласи дека „Владата останува посветена на развојот на Северна Македонија како успешен пример на мултиетничка, функционална демократија во регионот и во Европа. Во рамки на овие определби е посочено и на подршката за отворање нови паралелки на турски јазик во училиштата во државава.“
На состанокот беше посебно истакната соработката во областа на културата помеѓу Северна Македонија и Туркије, што резултира и со отворените културни центри во Скопје и во Истанбул, како и реализацијата на други проекти што се во насока на унапредување на соработката на овој план.
Претходно денеска, во рамките на официјалната посета на Северна Македонија, Шентоп се состана со претседателот на Собранието Талат Џафери.
Шентоп ќе учествува и на одбележувањето и активностите кои ќе се реализираат во рамки на Денот на наставата на турски јазик во земјата - 21 декември. Меѓу другото, Шентоп ќе биде присутен на официјалното отворање на кампусот на „International Maarif Schools“ во Скопје.
Тој ќе ги посети и Меѓународниот балкански универзитет и женскиот интернат „Шуле Јуксел Шенлер“ во Скопје.
Шентоп е придружуван од делегација која се состои од пратеникот и потпретседател на парламентарната група на АК Партија, Мухамет Емин Акбашоглу; пратеникот на АК Партија и претседател на пријателската парламентарна група меѓу Туркије и Северна Македонија, Ахмет Килич; пратеникот на Републиканската народна партија (ЏХП), Јусел Озкан; пратеникот на партијата ИЈИ од Анкара, Ибрахим Халил Орал, и пратеникот на Партијата за национално движење (МХП), Хидајет Вахапоглу.
20 дек 2022
Шентоп-Ковачевски: Поддршка од Туркије за напредокот на Северна Македонија
„На средбата е пренесен поздрав од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, до премиерот Ковачевски и силна поддршка од Република Туркије за напредокот на Република Северна Македонија во делот на евроинтеграциите, по почетокот на преговорите.“
TRT Balkan / агенции
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Каде во регионот функционираат заедничките гранични премини?
Со потпишување на Протоколот за заеднички гранични премини Блаце – Елез Хан и Јажинце – Глобочица, на заедничката меѓувладина седница на Косово и Северна Македонија, направен е значаен чекор кон целосна имплементација на концептот „One Stop Shop“.
Владата ќе му даде нафта на заем на Град Скопје за автобусите на ЈСП
Се донесе одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, со што се овозможува да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата, соопштија од Владата
Хрватска и Бајкар потпишаа договор за набавка на борбени дронови Бајрактар
Бајрактар TБ2, водечката турска одбранбена платформа, ќе се приклучи на пописот на хрватските безбедносни сили и ќе започне со операции во хрватскиот воздушен простор, се наведува во соопштението на турскиот производител на беспилотни летала Бајкар
Што друго би сакале да знаете?
Популарни