Претседателот на Големото народно собрание на Туркије (Турција), Мустафа Шентоп      Фото: АА

Претседателот на Големото народно собрание на Туркије (Турција), Мустафа Шентоп, упати честитка по повод Денот на независноста на Северна Македонија.

Шентоп упати честитка до Талат Џафери, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, по повод Денот на независноста.

Во своето писмо, Шентоп, честитајќи го Денот на независноста, рече дека верува дека односите меѓу Туркије и Северна Македонија ќе се зајакнат.

Претседателот на турскиот Парламент во своето писмо истакна:

„Во мое име и во име на членовите на Големото народно собрание на Туркије, на пријателскиот и братски народ на Северна Македонија од срце му го честитам Денот на независноста. Искрено верувам дека односите меѓу Туркије и Северна Македонија и блиската соработка меѓу нашите парламенти, кои влечат корени од историските врски на пријателство и братство, дополнително ќе се развиваат на секое поле во согласност со заедничките интереси на нашите народи и ќе продолжат да придонесуваат за стабилноста на регионот. Со овие чувства и мисли ги пренесувам моите најдобри желби до пријателскиот и братски народ на Северна Македонија посакувајќи здравје, мир и просперитет и успех, и вам, почитувани пратеници во Собранието на Северна Македонија.“

AA
Популарни