Претседателот на Големото народно собрание на Република Туркије, Шентоп, го нагласи значењето на воспоставувањето трајна стабилност во Црноморскиот Регион, но и во целиот свет. / Photo: AA

Претседателот на Големото народно собрание на Република Туркије, Шентоп, го нагласи значењето на воспоставувањето трајна стабилност во Црноморскиот Регион, но и во целиот свет.

Шентоп вчера во Белград од претседателот на Народното собрание на Србија, Владимир Орлиќ, го презеде претседавањето со Парламентарното собрание на Организацијата на црноморска економска соработка.

„Како парламентарци, претставници на нашите народи, ја преземам оваа многу важна должност во формирањето на политиката во нашите земји и следењето на креираните политики“, истакна Шентоп во текот на своето обраќање.

Тој истакна дека особено во последните 30 години, брзиот развој на транспортните, информациските и масовните комуникациски технологии, заедно со процесот на глобализација, ја зголеми зависноста меѓу општествата и државите.

Шентоп потсети дека во тој процес, како комплементарни елементи на глобалната интеграција, се појавија организации за регионална соработка, додавајќи дека врз основа на тоа, со големи очекувања формирано е и Парламентарното собрание на Организацијата на црноморска економска соработка, при што се земени предвид развојот и промените во текот на 1990-те години.

„Меѓутоа, со жалење морам да кажам дека не е можно да се каже дека Организацијата денес го достигна нивото што го очекувавме. Пред сѐ, оваа организација, која ја имплементиравме како мировен проект, не направи никаков сериозен напредок во придонесот во регионалниот мир, и покрај изминатите 30 години. Сепак, ако нешто не е во потполност постигнато, не е во потполност ни напуштено, и затоа не можеме во потполност да ги отфрлиме придонесите на Парламентарното собрание на Организацијата на црноморска економска соработка“, рече Шентоп.

Тој ја нагласи значајната улога на парламентите во решавањето на глобалните предизвици.

„Не можеме да размислуваме за нашата географија независно од Медитеранот, Блискиот Исток и Балканот. Освен тоа, прашањата како што се тероризам, екстремизам, имиграција, економски превирања на глобално ниво, се прашања кои ги засегаат сите земји. Сега многу појасно гледаме дека светот денес минува низ многу тежок период, а овој тежок период со себе носи и потреба од важна трансформација, како на глобално, така и на регионално ниво“, истакна Шентоп.

Исто така, тој нагласи дека Туркије својата надворешна политика ја гради врз мирољубива, хуманитарна и претприемничка основа.

„Заземаме наш став во интерес на преговорите, мирот и стабилноста. Како одраз на нашето разбирање за кое станува збор, како членка основач на организациите како што се Обединетите нации, ОСЦЕ, Организацијата на црноморска економска соработка и НАТО, активно сме вклучени во реформските напори за овие организации да ги направиме поефикасни. Повикот на нашиот почитуван претседател „Светот е поголем од 5“ претставува конкретна манифестација на нашите напори“, рече Шентоп.

Во просторот опкружен со судири и нестабилност, рече Шентоп, „се обидува да создадеме зона на мир и просперитет околу себе, со претприемачки и хуманитарен надворешнополитички пристап, од ставање крај на хуманитарната трагедија во Сирија, до решавање на односите меѓу Русија и Украина.“

„Зазедовме став за продолжение на преговорите, дури и во периодот кога се уриваа мостовите меѓу Русија и Украина и кога имаше судири. Од таа причина, напорите на Туркије од почетокот на војната за мирно решавање на проблемите се почитувани и ценети од страните, како и од целиот свет. Не само Украина, туку и целиот свет, особено енергетиката, храната и транспортот се негативно погодени во многу области. Продолжуваме да тежнееме кон отстранување на овие глобални проблеми“, потенцираше тој.

Во тој контекст, претседателот на Големото народно собрание на Туркије потсети дека Договорот за извоз на украинското жито преку Црното Море, потпишан како резултат на разумен пристап на страните, заедничка иницијатива на Туркије и на ОН, продолжен е на 120 дена, во голема мерка придонесувајќи во ублажувањето на последиците од глобалната прехранбена криза.

„Уште еднаш би сакал да ве потсетам дека размената на заробениците меѓу Украина и Русија, конкретно решение што го постигнавме, е резултат на нашата дипломатска иницијатива. Спроведувајќи ги сите посреднички и преговарачки процеси, ние секогаш ја штитевме супремацијата на меѓународното право. Отфрламе секој чекор против меѓународното право и во тој контекст, не ги признаваме териториите што Русија ги анектира, особено Крим“, рече Шентоп.

Тероризмот како глобален предизвик

Шентоп рече дека тероризмот е најголема закана на денешнината и нагласи дека Туркије ја продолжува одлучната борба против терористите, без разлика дали се работи за терористичктие организации ФЕТО, ЈПГ/ПКК, ДЕАШ или некоја друга.

Претседателот на Големото народно собрание на Република Туркије, Шентоп, го нагласи значењето на воспоставувањето трајна стабилност во Црноморскиот Регион, но и во целиот свет.

Организација на црноморската соработка

Организацијата на црноморската економска соработка е основана на 25 јуни 1992 година во Истанбул. Земјите основачи се Азербејџан, Албанија, Бугарија, Грузија, Грција, Ерменија, Молдавија, Романија, Русија, Туркије и Украина. По дополнителниот пристап на Србија и Северна Македонија, организација сега бори 13 земји членки.

TRT Balkan / агенции
Популарни