Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, донесе одлука за измените на изборниот закон кои се од технички карактер и се однесуваат на интегритетот на изборниот процес.
Шмит изјави дека донесува пакет за транспарентност на изборниот процес кој гарантира слободна и фер кампања.
„Денес налагам и донесувам пакет транспарентност кој гарантира слободна и фер кампања и избори. Не дозволувам воено-подбуцнувачка реторика“, рече Шмит.
„Им се обраќам на луѓето, на поединци, не на политичката маса. Со целосна почит кон вас, јас сум тука да го штитам почитувањето и постоењето, урамнотеженоста и заштитеноста на БиХ и никој не треба да има никаква потреба да заминува. Малку ме загрижува што уште не дојдовме до Анексот 7. Мислам дека сите знаете што значи Анекс 7, а тоа е дека сите имаат право да живеат и да се вратат таму каде сакаат. Тоа се однесува на целата БиХ. Никој нема никаква друга намера, а доколку некој има поинакви намери, ќе има проблеми, не само со мене“, истакна Шмит.
Тој упати порака до граѓаните на БиХ.
„Знам дека овде некогаш има многу предизвици, но морам да кажам дека не треба да има граѓани од прв ред и граѓани од втор ред. Оваа земја се состои од три народи кои одлучуваат за себе. Понекогаш имам чувство дека некои други одговорни луѓе мислат дека тие можат тукутака да говорат во името на народот“, рече Шмит.
Високиот претставник денес во разговорите со лидерите на политичките партии во Федерацијата БиХ по повод изборните измени рече дека има во план да донесе технички измени, и дека за сега нема да наметне политички дел на измените.
Се очекува дека босанско-херцеговските политичари што поскоро ќе најдат компромисно решение и ќе постигнат политички договор за измените на Изборниот закон на БиХ.
Шмит порача дека е свесен дека во БиХ има многу предизвици, но дека нема граѓани од прв и втор ред, како и дека изборите не се монета за поткусурување на партиите.