Европската унија на својата интернет страница го објави текстот на Анексот за имплементација на Договорот за патот на нормализација на односите помеѓу Косово и Србија, кој на 18 март во Охрид го договорија премиерот на Косово Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ со посредство на ЕУ.
Како што се наведува во текстот „Косово и Србија во потполност се обврзуваат дека ќе ги почитуваат сите членови од Договорот и од овој Анекс и ќе ги имплементираат сите свои обврски кои произлегуваат од Договорот и овој Анекс експедитивно и во добра волја“.
„Страните имаат в предвид дека дека Договорот и Анексот за имплементација ќе станат составни делови од соодветните процеси на придружување на Косово и Србија во ЕУ. Страните имаат в предвид дека олеснувачот ЕУ веднаш по усвојувањето на Договорот и овој Анекс ќе го започнат процесот на измена на мерилата за Поглајето 35 за Србија за да се одразат новите обврски на Србија кои произлегуваат од Договорот и овој Анекс. Дневниот ред на Косовската Специјална група за нормализација подеднакво ќе ги одразува новите обврски на Косово кои произлегуваат од Договорот и овој Анекс“, стои во договорениот Анекс.
Страните се согласни итно да ја прифатат Декларацијата за исчезнати лица, како што е договорена во рамките на Дијалогот со поддршка на ЕУ.
За да го имплементира членот 7, Косово веднаш покренува преговори во рамките на Дијалогот со посредство на ЕУ за воспоставување на специфичните аранжмани и гаранција за обезбедување на соодветното ниво на самоуправување за српската заедница во Косово, во согласност со релевантните претходни фоговори за дијалогот кој го одреди олеснувачот ЕУ.
Страните се согласија во рок од 30 дена да воспостават Заеднички комитет за следење со кој претседава ЕУ.
Спроведувањето на сите одредби ќе биде обезбедено и надгледувано од страна на Заедничкиот одбор за надгледување.
За да се примени членот 9, ЕУ ќе организира донаторска конференција во рок од 150 дена за да се воспостави инвестициски и финансиски пакет на помош за Косово и Србија. Исплатата нема да биде извршена пред ЕУ да утврди дека сите одредби од Договорот во потполност се спроведени.
Косово и Србија се согласуваат дека сите членови ќе се спроведуваат независно еден од друг. Редоследод на ставовите од овој Анекс не го доведува во прашање редоследот на нивото спроведување.
Косово и Србија се согласуваат дека нема да ја блокираат примената на ниту еден член. Сите расправи во врска со имплементацијата на Договорот ќе се одвиваат во рамките на дијалогот кој го води ЕУ.
Косово и Србија признаваат дека секое непочитување на совите обврски од Договорот, овој Анекс или претходните договори од дијалогот може да има директни негативни последици по нивните процеси кон пристапување во ЕУ и финансиската помош која ја добиваат од ЕУ.
Овој Анекс е составен дел од Договорот со кој страните се согласиле на состанокот во Брисел на 27 февруари оваа година.