Силен земјотрес ја потресе централна БиХ, се почувствува и во регионот/ Photo: AA

Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер вечерва ги вознемири жителите на повеќе градови на Босна и Херцеговина, вклучувајќи го и главниот град Сараево, но и жителите во регионот.

Епицентарот на земјотресот забележан е во 21:43 часот, околу 10 километри северозападно од Зеница и 69 километри северозападно од Сараево, покажуваат податоците на страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот е забележан на длабочина од девет километри. Нема информации за евентуална штета.

TRT Balkan / агенции
Популарни