Силен земјотрес го потресе подрачјето на Зеница во БиХ / Photo: AA (Archive)

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени по Рихтеровата скала регистриран е утрово во 8:49 часот на подрачјето на Железно поле, информираше Федералниот хидрометеоролошки завод на Босна и Херцеговина (БиХ).

Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека земјотресот е регистриран северно од Зеница, на длабочина од 2 километри, недалеку од местата Жепча, Завидовиќи и Травник.

Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица.

TRT Balkan / агенции
Популарни