Словенија: Бледскиот стратешки форум ќе се одржи на 2 и 3 септември

Словенија: Бледскиот стратешки форум ќе се одржи на 2 и 3 септември

Годинешната 19-та по ред конференција ќе се одржи под наслов „Светот на паралелните реалности“.
Словенија: Бледскиот стратешки форум ќе се одржи на 2 и 3 септември / Photo: AA Archive

Меѓународната конференција „Бледски стратешки форум“ ќе се одржи на 2 и 3 септември 2024 година во Блед, Словенија.

Годинешната 19-та по ред конференција ќе се одржи под наслов „Светот на паралелните реалности“.

Овој форум е водечка конференција во Централна и Југоисточна Европа и се одржува секоја година на крајот на летото во алпското опкружување на Бледското Езеро.

Конференцијата ќе обедини учесници од различни области, охрабрувајќи ги да разменуваат мислења и да генерираат идеи за решавање на сегашните и идните предизвици. Покрај тоа, конференцијата исто така нуди можност за средби и поврзување со регионални и глобални лидери.

Најавено е дека на форумот ќе учествуваат претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог Косово - Србија Мирослав Лајчак и бројни лидери од Европа и од регионот.

TRT Balkan / агенции
Популарни