Словенија го поддржа блокирањето на референдумот за истополови бракови / Photo: AA Archive

Уставниот суд на Словенија денеска со 7 гласа „ЗА“ и 1 „ПРОТИВ“ го поддржа блокирањето на референдумот за истополови бракови и за посвојување деца од истополови двојки, кој претходно беше стопиран од страна на Парламентот. Судот соопшти дека референдумот е неприфатлив и неуставен.

Парламентот претходно одлучи дека „референдумот за истополови бракови е неприфатлив“.

„Оваа одлука ја евалуиравме во согласност со пријавата што ја примивме. Седум члена ја одобрија одлуката на Собранието, а еден изрази спротивно мислење“, се вели во соопштението од Судот.

„Во земјата законски е прифатливо венчавање на двајца луѓе од различен пол.Незаконски е истополовите партнери да формираат формално партнерство, ниту пак можат да посвојуваат деца“, се додава.

Откако Парламентот во октомври минатата година не го изгласа одржувањето референдум за еднаквост пред Законот за истополовите бракови со оние од различен пол, една невладина организација поднесе барање до Уставниот суд да ја отфрли одлуката.

TRT Balkan / агенции
Популарни