Со два хеликоптера на МВР изгаснат пожарот во крушевско

Два хеликоптера од Одделот за воздухопловни единици, денеска го изгаснаа шумскиот пожар кој попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река, информираат од МВР.

„По добиено барање од ЦУК, на пожарот двата хеликоптера исфрлија над 40 тона вода и во координација со пожарникарите, пожарот е целосно изгаснат“, соопштија од полицијата.

TRT Balkan / агенции
Популарни