Состанок на Вучиќ и Курти со Борел во Брисел    Фото: Совет на ЕУ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти се состанаа денес во Брисел со високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност Џозеп Борел.

Од утрово во Брисел се одржуваат средби во рамки на дијалогот меѓу Косово и Србија, на покана од Европската унија поради кризата предизвикана од регистарските таблички на Косово. Борел прво се сретна со премиерот на Косово, Албин Курти, а потоа и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

По одвоените средби следуваше заедничка, трилатерална средба меѓу ЕУ, Србија и Косово, а покрај Борел, ЕУ ја претставуваше и специјалниот претставник за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак. Борел прво се сретна со премиерот на Косово, Албин Курти, а потоа и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Во фокусот на итниот состанок ќе биде изнаоѓање излез од актуелната криза и избегнување на каква било понатамошна ескалација и тензии на теренот, со акцент на прашањето за регистарските таблички и враќањето на косовските Срби во институциите на Косово. соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Косово најави дека на 22 ноември ќе почнат да се наплаќаат казни од 150 евра за сопствениците на возила со регистарски таблички од градовите во Косово издадени во Србија кои не ги замениле со таблички РКС (Република Косово).

TRT Balkan / агенции
Популарни