Во Грција најраспространета корупција меѓу земјите од ЕУ според перцепцијата на граѓаните / Photo: AA

Околу 98 отсто од Грците веруваат дека корупцијата е широко распространета во земјата, покажа истражувањето на Евростат спроведео вчера.

Ваков став имаат и мнозинството испитаници во 23 земји на ЕУ, а во седум земји девет од 10 граѓани се согласуваат со овој став.

По Грција следуваат Португалија со 96%, Словенија и Малта, двете со 95%, Хрватска со 92%, администрацијата на кипарските Грци со 91% и Шпанија со 90%.

53 отсто од Грците мислат дека корупцијата се зголемила, 38 отсто сметаат дека ситуацијата останала непроменета, а само 5 отсто веруваат дека е намалена.

Истражувањето покажува дека значителен дел од Грците немаат доверба во институциите во земјата.

71 отсто од Грците сметаат дека постои корупција во политичките партии, 59 % веруваат дека надзорните органи се корумпирани, наспроти 27% во другите европски земји.

89 отсто од грчките граѓани сметаат дека здравствениот систем е високо корумпиран, во споредба со просекот од 27 отсто низ Европа.

TRT Balkan / агенции
Популарни