Во присуство на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и амбасадорот на Република Туркије во Белград Хами Аксој отворен е реконструираниот патен правец Нови Пазар-Тутин, со должина поголема од 20 километри.
Проектот на реконструкција на патот од Нови Пазар до Тутин е вреден 24 милиони евра. Средствата ги обезбеди државата од кредит на Република Туркује, по каматна стапка од 2,5 отсто.
Договорот за овој важен проект го постигнаа претседателите на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Србија Александар Вучиќ. Договорот помеѓу Владата на Србија и турската компанија „Ташјапи“ потпишан е на 29 октомври во 2018 година. Работите на оваа сообраќајница започнаа во септември во 2019 година, а завршени се неодамна.
Обраќајќи се пред собраните на церемонијата по повод отворањето на реконструираниот пат српскиот претседател Вучиќ рече дека патниот правец е реконструиран благодарејќи на пријателите од Туркије, кои заедно со Србија сакаат подобри услови за животот на граѓаните во тој дел на земјата.
„Ова е основен предуслов луѓето да останат во Србија. Патиштата се основен предуслов за доаѓање на инвеститорите во овој крај и тоа ќе биде следната задача.
На Нови Пазар му е потребна голема фабрика за децата повеќе да не би заминувала во странство. Потребни ни се работни места, инвестиции и понатамошно негување и унапредување на односите помеѓу Бошњаците и Србите на овие простори. Сакам Бошњаците кои тука живеат да го доживуваат Белград како свој главен град и Србија како своја татковина. Бошњаците можат да сакаат кого сакаат тие, ние и градиме патишта кон Босна и Херцеговина и сакаме Бошњаците и Србите да се поврзуваат и да соработуваат заради подобра иднина на сите народи. Благодарен сум им на турските пријатели кои го поддржаа овој проект“, рече претседателот на Србија.
Вучиќ рече дека Србите ги доживуваат Бошњаците како браќа и сестри, а не како страно тело против кое треба да се бори.
Порача дека Србија сака да биде отворена и инклузивна и дека сака повеќе Бошњаци во своите установи и служби. Рече дека детално ќе го разгледа конкурсот за обука на пожарникари, а на кој не е примен ниту еден кандидат од бошњачка националност.

Турскиот амбасадор Аксој во текот на свеченоста по повод отворањето на реконструираната сообраќајница од Нови Пазар до Тутин рече дека тој проект бил еден од предусловите за доаѓање на инвеститорите во Санџак.
„Ова е златно доба во односите на двете држави. Денес е историски ден бидејќи реализиравме еден голем проект. Ја потполнивме празнинаа која беше предуслов за доаѓање на инвеститорите во овој крај. Трговската размена помеѓу Туркије и Србија од ден во ден се зголемува. Кога ќе дојде некој инвеститор јас го насочувам во овие краишта. На нашата поддршка секогаш можете да сметате“, изјави Аксој.
Главниот изведувач на работите беше турската компанија „Ташјапи“, а директорот на компанијата Емрулах Турнали се заблагодари на довербата, истакнувајќи дека е среќен поради завршувањето на работите на тежок терен и во време на пандемија на коронавирусот.
Патот Нови Пазар - Тутин е сообраќајница од исклучително значење за локалното население, на чија реконструкција се чекаше повеќе од 40 години. Се работи за државен пат кој ќе има големо значење за повеќе од 150.000 жители на Нови Пазар и Тутин.
На церемонијата по повод отворањето на реконструираниот пат присуствуваа и министри во Владата на Србија, генералниот конзул на Туркије во Нови Пазар Басар Басол, градоначалници и претседатели на општините во регионот на Санџак, претставници на политички партии, верски заедници, но и граѓани кои дојдоа да ја посетат реконструираната сообраќајница.
По тест возењето со автомобил државиот пат Нови Пазар - Тутин официјално е пуштен за сообраќај.