Вишиот суд во Зајечар го потврди обвинението против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ.
Судот донесе решение со кое го потврди обвинението, на кое има право на жалба до Апелациониот суд во Ниш, потврдено е за Танјуг во тој суд.
Обвинителството на 24 септември до судот го достави на потврдување обвинителниот акт против осомничените.
Обвинението ги товари Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ за кривично дело тешко убиство во соизвршителство, додека Радослав Драгијевиќ за кривично дело помагање на сторител по извршување на кривично дело и непријавување на кривичното дело и сторителот.
Обвинителството во обвинителниот акт предложи судот да ги осуди на доживотен затвор Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.
Според обвинението, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ на 26 март во Бањско поле кај Бор со автомобил на ЈКП „Водовод“, каде што биле вработени, прво удриле во двегодишно девојче, а потоа го внеле во возилото.
Се сомнева дека нејзиното тело го фрлиле на депонија, од каде подоцна било преместено. Телото на девојчето сѐ уште не е пронајдено.
Во автомобилот биле пронајдени траги од крв, по што била извршена ДНК анализа и потврден идентитетот на исчезнатата Данка Илиќ.
Радослав Драгијевиќ е осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето.
Братот на Дејан Драгијевиќ, Далибор Драгијевиќ, почина на 7 април во просториите на полициското одделение во Бор при приведување.
Осомничените, наводно, во неколку наврати се враќале на депонијата за дополнително да го закопаат телото.
Потрагата по двегодишната Данка Илиќ започна на 26 март, кога за прв пат во Србија беше активиран системот „Пронајди ме“, а во потрагата неколку дена подоцна се вклучи и Интерпол.