Египетскиот претседател нагласи дека односите меѓу Србија и Египет треба да бидат многу посилни      Фото: АА

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на заедничката прес-конференција одржана со неговиот египетски колега Абдел Фатах ал-Сиси истакна дека сакаат да ја развиваат воената соработка со Египет.

Египетскиот претседател оствари официјални средби во Белград, главниот град на Србија, и одржа заедничка прес-конференција со неговиот српски колега Александар Вучиќ.

Египетскиот претседател нагласи дека односите меѓу Србија и Египет треба да бидат многу посилни, и дека со Вучиќ разговарале за случувањата во Палестина, Либија и Украина.

Тој наведе дека Египет е земја која смета дека сите проблеми треба да се решаваат со мир и договор, и дека тоа важи и за кризата во Украина.

Српскиот претседател Вучиќ рече дека со денешната посета односите меѓу двете земји влегоа во нова ера.

„Ал-Сиси в четврток ќе учествува на промоцијата на оружјето на Србија. На воен план можеме да соработуваме со Египет, бидејќи немаме што да криеме. Имаме многу работи да си понудиме еден на друг“, нагласи Вучиќ.

Истакнувајќи дека посетата на египетскиот претседател е „историска“, Вучиќ рече дека се потпишани многу протоколи за проширување на соработката со Египет.

Од друга страна, двајцата лидери како дел од изјавата за заемно стратешко партнерство потпишаа и 13 протоколи за соработка.

По завршувањето на прес-конференцијата, двајцата присуствуваа на отворањето на Бизнис-форумот Србија - Египет. Вучиќ на Ал-Сиси му го врачи Орденот на Република Србија.

AA
Популарни