Во средата беа уапсени 14 лица, меѓу кои и поранешниот шеф на Српската електростопанство и функционер на владејачката СНС и неколку бизнисмени, обвинети за корупција од над милион евра / Photo: Reuters

Српската полиција во неколку градови денеска, во втората акција неделава, уапси уште 13 лица осомничени за злоупотреби вредни над два милиони евра, соопшти главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград (ВЈТ), Ненад Стефановиќ, наведувајќи дека дел од осомничените се во бегство.

Ова е втора акција на српската полиција и обвинителство за три дена, откако во средата беа уапсени 14 лица, меѓу кои и поранешниот шеф на Српската електростопанство и функционер на владејачката Српска напредна партија, Милорад Грчиќ, и неколку бизнисмени, кои се обвинети за повеќе од милион евра добиени со корупција, злоупотреба и примање или давање подароци.

Обвинителството на новата група уапсени ѝ припишува измама во деловното работење, со што нанеле штета на Републичките стоковни резерви и на фирмата „Маковица“ од Младеновац, поради лажно пријавување складирање на 23,66 милиони килограми семенска пченица.

Дел од ланецот на злоупотреби беше и тргувањето со криптовалути, а Обвинителството со прегледување на отворените бази на податоци поврзани со криптовалутата „Еуме“ утврди дека таа нема берза или вистинска употребна вредност.

„ВЈП ќе предложи издавање налози за апсење на осомничени кои се недостапни за судските органи, изјави обвинителот Стефановиќ за новинарите.

Белградските медиуми јавуваат дека еден од првоосомничените е на Флорида и дека станува збор за „контроверзниот бизнисмен од Војводина Владимир Врбашки“, во чија фирма полицијата влегла утринава по налог на ВЈТ, а во тек се истраги и претреси.

Обвинителството ќе нареди и финансиска истрага против уапсените и други поврзани лица.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и во тој рок ќе бидат спроведени на распит.

TRT Balkan / агенции
Популарни