Средбата ќе ја води шефот на дипломатијата на ЕУ, Борел / Photo: AA

Советот за надворешни работи на Европската унија во понеделник ќе одржи состанок предводен од високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, соопштија од Советот на ЕУ.

На 13 ноември министрите за надворешни работи на ЕУ се очекува да разговараат за војната во Украина и за последните случувања во Ерменија и Азербејџан.

По Советот за надворешни работи, министрите на ЕУ ќе учествуваат на министерскиот состанок меѓу ЕУ и Западен Балкан.

Министрите за надворешни работи на Западен Балкан, вклучително и Косово, заедно со министрите за надворешни работи на ЕУ, според агендата, ќе се сретнат во 17:30 часот, а средбата ќе ја води шефот на дипломатијата на ЕУ, Борел.

Европската комисија во средата одобри голем пакет финансиска помош за Западен Балкан, инаку познат како „План за раст“, ​​од шест милијарди евра за периодот од 2024 до 2027 година.

Планирано е до две милијарди евра од оваа сума да одат како грантови, а четири милијарди во форма на поволни заеми или капитални инвестиции.

TRT Balkan / агенции
Популарни