Портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, денеска говорејќи за мандатот на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека фактот што двете страни не направиле напредокот во процесот на нормализација не се должи на неуспехот на ЕУ како посредник, туку на неуспехот на Белград и Приштина да го постигнат тоа.
На брифингот со новинарите во Брисел, Стано истакна дека напредокот во дијалогот зависи од подготвеноста на двете страни за напредок и компромис и рече дека Брисел ќе биде присутен, без оглед на мандатот на пратеникот.
Тој нагласи дека ЕУ, како посредник во дијалогот, има улога да им помогне на Белград и Приштина да станат дел од тој блок, да се однесуваат на европски начин и „да најдат компромисни решенија за важни прашања за своите граѓани“.
„Фактот што досега не можеа да го направат ова и да напредуваат во процесот на нормализација не се должи на наводните неуспеси на ЕУ како посредник, туку поради нивното неисполнување. Ние ќе бидеме таму и надвор од мандатот на специјален претставник на ЕУ“, рече Стано по повод заминувањето на Лајчак на функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија, без да се постигне правно обврзувачки договор меѓу Белград и Приштина што би бил прифатен од двете страни.
Тој додаде дека ЕУ го смета Охридскиот договор правно обврзувачки и дека за нив тој никогаш не бил прашање на негово потпишување.
„Овој договор е правно обврзувачки и нема подобар израз на фактот дека е правно обврзувачки од фактот дека стана составен дел од пристапниот пат и на Србија и на Косово. Ако не почнат да го спроведуваат, тие си нанесуваат штета на самите себе, на својата европска иднина и на придобивките што нивните граѓани би можеле да ги извлечат од напредокот во дијалогот“, рече Стано.
Тој додаде дека Лајчак, постапувајќи во име на високиот претставник на ЕУ и самата ЕУ, со поддршка на 27 земји членки, дал се од себе за да се постигне резултат во дијалогот и оти затоа не може да се смета за неуспех тоа што двете страните не го потпишале договорот.
Стано, на прашањето какви лекции научи ЕУ за време на мандатот на Лајчак, кој од септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија, рече дека „една многу јасна лекција е дека акостраните не се подготвени да напредуваат, никој не може да ги принуди на тоа“.
Тој потсети дека специјалниот пратеник на ЕУ е „нов инструмент“ кој претходно не постоел, но сѐ е направено од високиот претставник на ЕУ, што покажува, наведе Стано, колку ЕУ посветува внимание на ова прашање и колку сака да помогне со тоа што, со волјата на 27 земји-членки, назначува лице кое секојдневно ќе се занимава конкретно со напредокот на Белград и Приштина во дијалогот.