Столтенберг посочи дека пример за добра соработка меѓу ЕУ и НАТО може да се види на Косово / Photo: AA

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изрази уверување дека предлогот за Заедница на српски општини (ЗСО) може да биде патот напред за изнаоѓање решение и постигнување напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Столтенберг ова го изјави на прес-конференцијата одржана на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, во седиштето на Алијансата во Брисел.

Тој пак повтори дека во изминатиот период на Косово и Метохија се забележани сериозни инциденти и напади врз мировните сили на НАТО и повика.

„Во последните неколку месеци, во текот на годината, видовме сериозни инциденти на насилство на Косово. Само што го посетив Косово и она што го видовме оваа пролет беше напад врз мировниците на НАТО. Ранети се 93 војници на НАТО, а тоа е целосно неприфатливо“, изјави Столтенберг.

Тој потсети дека во текот на септември имало инцидент во Бањска во кој имало загинати.

„Ова ги нагласува предизвиците со кои се соочуваме во Косово и важноста од деескалација од страна на сите страни, да се воздржат од акции кои можат дополнително да ги зголемат тензиите и да се воздржат од каква било запалива реторика што може да ги зголеми тензиите. Тоа беше мојата порака на моите средби во Приштина и во Белград“, рече Столтенберг.

Столтенберг посочи дека пример за добра соработка меѓу ЕУ и НАТО може да се види на Косово и Метохија.

„Додадовме повеќе војници на НАТО на нашето присуство во Косово на приближно 5.000. Сметам дека предлогот на Заедницата на општини со српско мнозинство може да биде начин да се обидеме да најдеме решение и да постигнеме напредок во рамките на дијалогот со помош на ЕУ“, рече Столтенберг.


Tanjug
Популарни