„Бараме разрешување на министерот Шарановиќ и потпретседателот Бечиќ“  / Фото: AA

Неколку илјади граѓани вчера се собраа пред зградата на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора во Подгорица и со тринаесет минути молчење им оддадоа почит на загинатите во масакрот во Цетиње на 1 јануари годинава.

„Доколку премиерот не се изјасни до 1 февруари и доколку не се исполнат нашите барања, подготвени сме на граѓанска непослушност предводена од студентите“ посочи неформалната студентска група „Каде утре“ на протестот во Подгорица.

Организаторите рекоа дека очекуваат одговори од премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ на барањето за разрешување на вицепремиерот Алекса Бечиќ и министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ.

На протестниот марш од зградата на МВР до Собранието на Црна Гора, толпата извикуваше „Убијци“, „Оставка“, „Луѓе од фотелја“, „Добро не гледаш Данило“, и „Нема предавање“.

Насобраните носеа и транспаренти на кои пишуваше „Мирот е нашата рација“, „Црна и напатена Гора“, „Студенти против насилство“, „Денес чекориме за утре нашите деца да не бегаат“.

Студентката Итана Драгојевиќ во своето обраќање рече дека нивните барања се јасни и се доставени до Владата на Црна Гора и дека нема да се откажат додека не се исполнат.

„Бараме разрешување на министерот Шарановиќ и потпретседателот Бечиќ. Бараме и побрза акција од надлежните институции во однос на поседувањето оружје, враќањето на граѓанското образование и подобрувањето на грижата за менталното здравје. Побаравме од премиерот да закаже прес-конференција до 1 февруари на која мора да објасни што е направено“, нагласи Драгојевиќ.

Како што рече таа, „политичарите на власт се залепени за своите фотелји и не можат да видат подалеку од сопствените прсти“.

„Проверете колку сме и почнете да си ја вршите работата. Доколку премиерот не се изјасни до 1 февруари и ако не се исполнат барањата, ние сме подготвени за граѓанска непослушност“, рече Драгојевиќ.

Ова е трет протест на студентите во Црна Гора со барање за смена на високи функционери, по маскрот со огнено оружје во Цетиње кога маж застрела 13 луѓе.

AA
Популарни