Тие изјавија дека ризикот од пожар не е ограничен само на летните месеци потенцирајќи дека е потребно вработување на повеќе луѓе / Photo: Reuters

Стотици сезонски пожарникари кои вчера демонстрираа во Атина, Грција, со барање за постојано вработување по истекот на нивните договори, се судрија со полицијата.

Според пишувањата на грчките медиуми, инцидентот се случил пред Министерството за цивилна заштита каде се одржувал протестот.

Пожарникарите ги изразија своите барања за вработување, држејќи транспаренти на кои пишуваше „Катастрофите не се сезонски“.

Тие изјавија дека ризикот од пожар во Грција поради климатските промени не е ограничен само на летните месеци и дека е потребна противпожарна сила во текот на целата година, потенцирајќи дека е потребно вработување на повеќе луѓе.

Протестот заврши по два часа, но поголема група пожарникари останале и започнале седечки протест пред зградата на министерството.

Судирот настанал кога полицијата се обидела да ги отстрани демонстрантите пред зградата на Министерството користејќи солзавец.

При тоа бил повреден еден пожарникар, кој е пренесен во болница.

Пожарникарите кои бараат постојано вработување по истекот на нивните договори, решија да продолжат со протестите и најавија дека и денеска ќе се соберат пред министерството.

AA
Популарни