Новата продукција на ТРТ Ворлд „Свето откупување“, успешно го држи во центарот на вниманието теророт и насилството на израелските доселеници врз Палестинците од нејзината национална премиера на 24 август.
Документарецот беше емитуван истовремено на шест национални канали на ТРТ минатата недела и ја освои наградата за најдобар документарен и програмски филм на Меѓународниот фестивал на документарен филм Ал Џезира (АЏБ ДОК), што се одржа во Сараево од 13 до 17 септември.
Седмиот меѓународен фестивал на документарен филм Ал Џезира, еден од најпрестижните настани што ја обединува документарната индустрија, годинава се фокусираше на Палестина. Со темата „Правда?“, фестивалот привлече документаристи, дистрибутери, претставници на ТВ канали и медиумски професионалци од целиот свет.
„Свето откупуивање“, кој ја имаше својата национална премиера во киното Атлас во Истанбул на 24 август, имаше и меѓународно деби на фестивалот во Сараево.
Како еден од најистакнатите филмови на фестивалот, тој ја освои наградата за најдобар документарен и програмски филм и доби широко распространето признание од публиката и професионалците од целиот свет.
„Светото откупување“ ги навраќа болните сеќавања на масакрот во Сребреница, признаен како геноцид од Обединетите нации, и го разоткрива систематскиот геноцид што го спроведува Израел во Палестина.
Проекцијата на филмот во Босна, каде што сеќавањата за Сребреница се уште се свежи, воспоставува емотивна врска помеѓу овие два геноциди.
Од 7 октомври, кога започна геноцидот во Газа, ТРТ Ворлд произве документарен филм кој го истакнува подеднакво темниот и тивок втор фронт на ова злосторство.
„Светото откупување“ ја открива кражбата на земјата од страна на израелските доселеници преку очите и на сведоците и на сторителите.
Снимањето на документарецот започна два месеци откако истражувачкиот тим на ТРТ Ворлд се инфилтрираше во радикални израелски групи на Западниот Брег, по почетокот на геноцидот во Газа на 7 октомври.
Филмот документира како палестинските земји постепено се окупирани со израелска поддршка.
Преку снимките добиени од претстражите и пунктови каде што радикалната група позната „Младината на Хилтоп“ - која израелските медиуми ја нарекуваат израелска верзија на ДАЕШ- се обучува, процесот за првпат е изложен на светот.
Извршителите и сведоците на окупацијата зборуваат во овој документарен филм
Интервјуа со израелски активисти, поранешни израелски војници, водачи на радикални доселеници и членови на израелскиот парламент ги откриваат стратегиите на Израел за раселување на Палестинците и систематски крадење земја.
Документарецот покажува како се создаваат нелегални населби и како се уништуваат палестинските домови.
Значајни интервјуа во филмот ги вклучуваат Даниела Вајс, водач на доселениците; Зви Сукот, поранешен член на „Младината на Хилтоп“ и сегашен парламентарец; поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт; активистот адвокат Мајкл Сфард; Хагит Офран, лидер на движењето „Мир сега“; и Надав Вајман, поранешен снајперист во израелската армија.
„Свето откупување“ ќе продолжи да ја раскажува приказната за Палестина
„Свето откупување“, награден за најдобар документарен филм и програма на Меѓународниот фестивал на документарен филм Ал Џезира, е пофален уште од неговата премиера за моќното раскажување приказни, убедливи докази и бестрашно изложување на неправдите во регионот.
Прославен како триумф во истражувачкото новинарство, филмот беше пофален од жирито и учесниците на фестивалот за неговата влијателна порака и неговата улога во давање вистински глас на геноцидот во Палестина.
На специјалната проекција на филмот присуствуваше и заменик генералниот директор на ТРТ Омер Фарук Танриверди. По проекцијата, Танриверди рече:
„Со прикажувањето на нашиот документарен филм во Сараево, нагласивме дека уште еден геноцид се случува пред очите на светот на овие земји каде што болката на Сребреница е сè уште свежа. За 53 минути, ја разоткривме 75-годишната окупациска политика на Израел и сликовито ја прикажавме бруталноста на радикалните израелски доселеници во Палестина. Оваа награда е уште позначајна за нас од наградата Еми што ја добивме неодамна, бидејќи нашата цел е да создадеме глобална свест за геноцидот во Палестина преку нашиот документарен филм. Како ТРТ Ворлд, цврсто ја поддржувавме палестинската борба и пред 7 октомври, а „Свето откупување“ е резултат на тие напори. Се надеваме дека сите го гледаат и споделуваат ова значајно новинарско достигнување.“
Во наредните денови „Свето откупување“ ќе продолжи да се прикажува на различни меѓународни платформи, задржувајќи го глобалното внимание на геноцидот во Палестина.
Документарецот ќе се емитува и на меѓународните канали и дигиталните платформи на ТРТ на 18 септември во 20:00 часот (17:00 ГМТ).