Cпоред засега достапните информации, на телата нема видливи повреди / Photo: AA

Безживотни тела на жена и дете се пронајдени во Сараево во водите на реката Миљацка, во областа Бентбаша, потврди МВР на кантонот Сараево.

Од полицијата потврдија дека синоќа по пријавата во Бентбаша биле пронајдени телата на жена и дете на возраст до четири години.

„Вечерва нешто пред полноќ во полициската управа Стари Град е пријавено дека во коритото на реката Миљацка, месноста Бентбаша е пронајдено тело. Од патролата која излегла на терен ја потврдиле информацијата од пријавата. Полицијата, пожарникарите и Брза помош била испратена на терен и ГСС. Во 01:30 часот извлечено е тело на средовечна жена, заедно со неа - тело на дете до четири години“, наведуваат од КС МВР.

Лекарите констатирале смрт на двете лица на местото на настанот, а според засега достапните информации, на телата нема видливи повреди.

„Обвинителот го водеше истражниот тим и истрагата која ја вршеа припадници на Полициското одделение на КС МВР и постојан судско-медицински вештак. Полициски службеници поднадзор на обвинителот, продолжуваат да работат на расветлување на сите околности на овој настан“, соопштија од МВР на К.С.

AA
Популарни