Една од најтажните годишнини од неговата понова историја, 31-годишнината од почетокот на опсадата, ја дочекува Опсадата на Сараево почна на 5 април во 1992 година, а заврши на 29 февруари во 1996 година. Траеше 1.425 дена. За тоа време, околу 350 илјади жители беа изложени на секојдневен оган на припадниците на некогашните ЈНА паравоени формации, а подоцна и припадници на тогашната Војска на Република Српска, од речиси сите видови вооружувања, од положбите сместени на околните ридови.
Не успеале да се симнат и да го заземат градот само благодарејќи на огромната волја, желба и напорите на бранителите, во најголем дел граѓани кои се одзваа на повикот за одбрана и во почетокот речиси со голи раце, во патики и фармерки, со минимално вооружување, застанаа на браникот на градот.
Во текот на опсадата загинаа 11.541 граѓанин на Сараево, меѓу нив 1.601 дете. Според повоените истражувања, највеќе жители, скоро четири петтини од вкупната бројка загинати, страдаа во првите две години од војната.
Првите цивилни жртви на опсадата на Сараево се Суада Дилберовиќ и Олга Сучиќ убиени на 5 април на мостот Врбања, недалеку од зградата на тогашното Собрание на Социјалистичката Република Босна и Херцеговина пред која се одвиваа демонстрации на граѓаните кои бараа зачувување на мирот, на кои е отворен оган. Некогашниот мост Врбања денес го носи името по двете храбри жени, а плочата на неговата средина, свртена кон истокот, од каде секој ден се укажува со изгрејувањето на првите сончеви зраци, потсетува и ги предупредува намерните и случајните минувачи на тешкото минато на градот.
Последната жртва на опсадата на Сараево беше Мирсада Дуриќ, која загина во нападот на трамвај на 9 јануари во 1996 година, во близина на зградата на парламентот. Сторителите на нападот кој се случи првиот ден од покренување на трамвајот по потпишувањето на Мировниот договор за Босна и Херцеговина никогаш не се откриени. Според раскажувањето на очевидците, тромблон кој го погоди трамвајот најверојатно е испален од правец на населбите Грбавица и Враца, во тоа време уште под контрола на српските единици, а на патниците кои бегаа од трамвај пукано е од снајпер.
Многу објекти - згради на градското породилно, централната Пошта, Вијеќница со десетици илјади вредни книги, Олимпискиот музеј, зградата на дневниот весник „Ослободување“ ("Oslobođenje“), бројни фабрики, училишта, културни установи… - изгореа до темел откако беа погодени со минофрлач и други видови проектили.
Некои објекти, како зградата на Радио-телевизија на Босна и Херцеговин, гаѓани се со таканаречените модифицирани авиобомби тешки и по 250 килограми, за што постојат сведочења и извештаи на балистичарите од судењата за злосторствата сторени во војната во Босна и Херцеговина пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија.
Секојдневниот страв за сопствениот живот и животите на најблиските беше споен со невидена желба за опстанок, од која произлегоа пркосот, силата и креативноста. Така ноќите без електрична енергија, во замрачениот град - кога веќе немало батериски ламби и свеќи - осветлувани се со таканаречено кандило. Ова светлечко тело се состоеше од лента од ткаенина направена од стара маица или марама, натопена во малку масло и истурена во стаклена тегла. Многу приказни се раскажани, книги се прочитани и солзи се излеани под треперливото светло на кандилото…
Во деловите на градот со гасна мрежа, се импровизираше, се наоѓа водоводни и слични цевки за да се донесе плинот во куќите и становите, кој- кога го имаше- служеше и за греење на водата за лична хигиена, перење на алишта, подготвување храна, загревање на просториите на чии прозорци, наместо стакло, разбиено со куршуми и гелери, беше пластична фолија што наликува на онаа што се држи на масите. Само, оваа беше попупроѕирна со син напис „УНХЦР“ на средина. Со досетливоста на граѓаните и тогашните локални власти, отворени се пунктови или ископани се бунари на кои граѓаните доаѓаа по вода за пиење. Пластичните канистери за вода во опколениот град, во кој немаше снабдување на продавниците, беа барана стока. Редовите на локациите за полнење вода беа секојдневни, и во лето и во зима. Знаејќи за овие пункови, агресорот со артилериски проектили или снајперски оган, гаѓаше и на нив.
Додека одела по вода, Сенида Каровиќ, претседателка на Здружението на Унијата на цивилни жртви на војната на Кантонот Сараево, ранета е во експлозија на граната на 30 јануари 1993 година кај мостот Дрвенија. Ампутирана ѝ, е ногата. „Зборуваме за луѓе кои преживеале неверојатен пекол, на кои никој и со ништо не може да им го надомести тоа што го загубиле. Никој не може мајката да му ја надомести на детето кое ја загубило, или диета на ногата, за луѓе со ампутирана нога, тешки инвалиди…“, раскажа во 2017 година во разговор за агенцијата Анадолија (АА). Од експлозија на граната во населбата Добрња, во Квадрант-5,12, во 1993 година, загинаа 14, а ранети се 16 цивили. Гранатата е испалена на место на кое во приватен двор се наоѓаше бунар и пумпа, а луѓето чекаа со канистери и по 10-12 часа за да се снабдат со вода. Од артилериски проектили гиена граѓани и во редовите за леб. Пунктот, на кој е носен леб се напѓаше преку патот на Градскиот пазар во Сараево.
Експлозијата тоа утро, на 27 мај во 1992 година, ги затресе околните квартови. Во тој масакр загинаа 22 цивили, а 144 се ранети. Пазарот и затворениот пазар Маркале во стариот дел од Сараево, гранатирани се во два наврати. Првпат, од експлозија на граната на пазарот Маркале, на 5 февруари 1994 година убиени се 68, а ранети 144 цивили . Во масакрот на самиот крај на војната, на 28 август во 1995 година, кај Градскиот пазар Маркале загинаа 43, а ранети се 84 цивили.
Не беа поштедени ниту децата во училиштата. Во населбата Алипашино Поле,на Плоштадот ЗАВНОБИХ, се наоѓаа просториите на Основното училиште „Прв памј“ (денес ОУ „Фатима Гуниќ“) која е гранатирана на 9 ноември во 1993 година. Од генерите кои влегоа во училница низ малите отвори помеѓу заштитната бетонска преграда, загина учителката Фатима Гуниќ и трите ученици, а ранет е 21 цивили.
Во експлозиите на гранати испалени на градот, гинеа деца кои би излегле за да вдишат свеж воздух и да се дружат со другарчињата по денови и ноќи поминати во подруми и засолништа. Единаесеттгодишната Ирма, ќерка на Фикрет Грабовица, претседател на Здружението на убиените деца на Сараево по заседна, убиени се со гелер од граната пред зградата додека се играла на 20 март 1993 година. Беше сончев ден, привремено затишје,без борбени дејства, кога родителите обично ги пуштале децата на свеж воздух по долготрајни денови поминати во подрумите.
Многу граѓани беа убиени или ранети од снајперски истрели, поминувајќи низ градските раскрсници или во нивните домови. Опсадата на Сараево ќе остане опишана во историјата како најдолга опсада на еден главен град, а ги обликуваше животите на граѓаните на Сараево кои ја преживеаја на сосема неочекуван начин. Разбуди пркос, храброст, но и креативност за да се преживее. Предизвика и бројни непоправливи загуби. Живите ќе паметат додека се живи, мртвите вечно ќе предупредуваат.
Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија го осуди Станислав Галиќ, поранешниот командант на сараевско-романскиот корпус на Армијата на Република Српска, на доживотен затвор за тероризирање на граѓаните на Сараево. Драгомир Милошевиќ, наследникот на Галиќ на чело на Сараевско-романскиот корпус на ВРС, е осуден на 29 години затвор.
За тероризирање на цивилите во Сараево со снајперски и артилериски напади, меѓу другото, на доживотен затвор е осуден поранешниот претседател на Република Српска и воен лидер на ВРС, Радован Караџиќ.
На истата затворска казна првостепено пред Хашкиот трибунал, меѓу другото, беше осуден и командантот на ВРС, Ратко Младиќ, за тероризирање на цивилите во Сараево со снајперски и артилериски напади.
Во пресудите на МКСЈ, беше утврдено дека единиците на сараевско-романскиот корпус на Војската на Република Српска намерно гаѓале цивили со спроведување кампања на терор, чија цел била да се изврши притисок врз властите во Сараево.