Силите на КФОР ги растераа демонстрантите кои беа пред општинската зграда во Звечан и тие се повлекоа во околните улици.
Но, демонстрантите и понатаму гаѓаат од споредните улици во правецот кон припадниците на КФОР.
КФОР тргна на собраните демонстранти пред зградата на општина Звечан, при што фрлаше солзавец за да собраните демонстранти се разотидат. Србите исто така гаѓаа кон нив со камења и разни предмети. Се слушнаа шок бомби.. Едно цивилно возило е запалено.
Рано утрово дојде до немири кога демонстратите фрлајќи солзавец се обидоа да влезат во општинскиот објект, но полицијата употреби спреј за да ги оддалечи.
Истовремено протести се одржуваат во Лепосавиќ и Зубин Поток, каде војниците на КФОР ги чуваат општинските згради, но во овие средини е релативно мирно. Новите градоначалници во петокот со помош на специјаците на Полицијата на Косово влегоа во општинските згради. Од тогаш се присутни специјалци во зградите, а Србите протестираат.