Бериша е во куќен притвор од декември 2024 година, откако му беше одземен пратеничкиот имунитет / Photo: Reuters

Албанскиот Специјален суд за корупција и организиран криминал денеска му ја укина мерката куќен притвор за лидерот на опозицијата Саљи Бериша.

„Судот донесе одлука за укинување на мерката куќен притвор за обвинетиот Сали Бериша“, изјави портпаролката на судот Елса Лита.

Бериша е во куќен притвор од декември 2024 година, откако му беше одземен имунитетот, поради обвинение за корупција, што тој го негираше.

Тој беше обвинет дека ја злоупотребил службената положба и му помагал на својот зет да стекне големо богатство со купување на спортски клубови и објекти за време на неговиот мандат како премиер на Албанија.

Вчера во Тирана се одржа протест на опозицијата со барање да се назначи техничка влада до парламентарните избори во 2025 година.

Опозицијата најмалку три часа се обидуваше да го блокира центарот на градот, додека полицијата ги спречуваше во тоа со употреба на водени топови и солзавец, а нивните приврзаници, предводени од пратеници од опозицијата, влегуваа во спорадични судири со полицијата.

Протестот се одржа откако опозицијата ја обвини актуелната власт за корупција.

Сали Бериша е првиот посткомунистички претседател на Албанија, кој беше од 1992 до 1997 година и како премиер од 2005 до 2013 година.

Во 2021 година, САД му забранија на Бериша да патува во таа земја поради наводи дека учествувал во „коруптивни акции“.

TRT Balkan / агенции
Популарни