Квалитетот на воздухот останува предизвик за многу главни градови во светот, вклучително и некои градови на Балканот. Промената на времето и падот на температурите одамна влијаеја некои градови во регионот да имаат загаден воздух кој е категоризиран како нездрав. Такви градови се Сараево, Белград и Приштина. Според податоците на специјализираниот интернет сајт за следење на загадување на воздухот, IQair, Сараево е на петтата позиција на најзагадените градови во светот, главниот град на Србија, Белград е на седмото место, додека главниот град на Косово, Приштина е на 16 место на најзагадените градови во светот.
Меѓу европските градови, само Амстердам е вклучен во категоријата на градови со нездрав воздух, а најзагаден град во светот утрово е Лахоре, во Пакистан.
Од шесте категории на IQair, за типот на квалитетот на воздухот, според денешниот извештај, предметните градови се рангирани во третата категорија на градови со „нездрав воздух“.
Во појаснувањето на терминот „нездрав воздух“ се наведува дека е можна појава на зајакнати симптоми и интензитет на болестите кај оние што боледуваат од срцеви заболувања и лицата со болести кај дишните органи, додека сите останати би можеле да чувствуваат негативно влијание од загадувањето врз здравјето.
На оние со срцеви заболувања, бремените жени, децата и повозрасните лица, им се советува намалена физична активност надвор од своите домови, а продолжена или поголема активност на отворено би требало да го избегнуваат и сите останати.