Земјотресот не предивикал значителни материјални штети / Photo: EMSC

Во Црна Гора, по силниот земјотрес што се случи утринава кај Никшиќ, забележани се 30 послаби земјотреси од 3,5 до еден степен според Рихтеровата скала, изјави раководителката на Одделението за анализа и обработка на податоци при Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија, Милена Томановиќ.

Таа рече дека земјотресот со јачина од 5,3 степени, чиј епицентар бил на пет километри од местото Чараѓе кај Никшиќ, можел да предизвика штети во епицентралното подрачје.

„Ова е земјотрес што се случи во пограничното подрачје на Црна Гора и Босна и Херцеговина, тоа е сеизмогена зона Билеќа и Пива“, рече Томановиќ на прес-конференцијата.

Како што рече таа, се очекува овој вид земјотрес со јачина од 5,3 степени да се почувствува и на поширокото подрачје.

Зборувајќи за следните земјотреси, Томановиќ изјави дека не можат да предвидат дали може да се случи нов земјотрес со иста или поголема јачина.

„Имавме 30 последователни земјотреси, со магнитуда од 3,5 до еден или 1,5 степени“, рече Томановиќ.

Таа нагласи дека серијата земјотреси од утринава покажала дека има будење на сеизмичка активност.

Томановиќ рече дека не може да се очекува „значителна“ штета од утринскиот земјотрес.

MINA
Популарни