Тројца мигранти загинаа во престрелка што се случи рано утринава во Србија. Еден мигрант е ранет и се наоѓа на лекување.
Престрелката се случила во напуштените објекти на земјоделското претпријатие Бачка кај Хоргош.
Тоа населено место се наоѓа на границата на Србија и Унгарија.
Престрелката се случила надвор од населбата, но граѓаните се вознемирени и цело утро на социјалните мрежи пријавуваат продолжено пукање од граничниот појас.
Силни полициски сили се на терен во потрага по сторителите, а информирано е и Вишото јавно обвинителство во Суботица.
Ова не е прв ваков инцидент во кој мигрантите користат огнено оружје, а во кои исто така имаше жртви.
TRT Balkan / агенции