Три лица се убиени, а три се ранети во пукање кое денеска се случи во Градачац на североистокот на Босна и Херцеговина.
Како што потврдија од Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот Кантон, осомничениот за убиствата и ранувањата извршил самоубиство. Станува збор за маж од Градачац.
„Лицето по лоцирањето и пред да биде лишено од слобода изврши самоубиство“, наведоа од Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот Кантон.
TRT Balkan / агенции