Три лица загинаа, а 11 се повредени во тешка железничката несреќа кај Новска во Хрватска што се случи синоќа околу 21.30 часот и 30 минути.
Жупанискиот центар 112 Сисак синоќа во 21 часот и 31 минути добил дојава за судир на патнички и товарен воз што се случил на околу два километри од станицата Рајиќ во Новска, соопшти Министерството за внатрешни работи на Хрватска.
Патнички воз што сообраќал на локалната линија Винковци - Новска налетал на запрен товарен воз, при што вагоните на патничкиот воз излетале од пругата
.
На местото на несреќата се испратени екипи на итна медицинска помош, пожарникари, полиција и други служби, а на местото на несреќата нешто по полноќ пристигнале и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ и други високи функционери.
Андреј Пленковиќ во синоќешното обраќање до медиумите оцени дека станува збор за една од најтешките железнички несреќи во Хрватска. Тој потврди дека загинале три лица, додека 11 лица се повредени и додаде дека конечните бројки ќе бидат утврдени откако вагоните ќе бидат отстранети од колосек.
Повредените, кои според неофицијални информации засега не се во животна опасност, се пренесени во болниците во Пакрац, Нова Градишка и Славонски Брод. Неофицијално се дознава и дека сите тројца загинати се хрватски државјани, додека меѓу повредените има и странци.
Истрагата е во тек, но според пишувањата на медиумите, патничкиот воз не застанал на сигналот за застанување, по што удрил во товарен воз кој бил запрен на пругата поради поправка.
10 сеп 2022
Тројца загинати, 11 повредени во железничка несреќа во Хрватска
Патнички воз, кој сообраќал на локалната линија Винковци - Новска, се судрил со запрен товарен воз, при што вагоните на патничкиот воз излетале од пругата.
AA
Поврзани новости
Словенија: Уште 6 месеци контрола на границите со Хрватска и Унгарија
Мерките за обезбедување јавен ред и внатрешна безбедност се преземаат поради влошувањето на безбедносната состојба на Блискиот исток, како и повиците на терористичките организации за извршување напади во западните земји, велат од словенечката Влада
Написи во тренд во оваа категорија
ЕБОР ја потврди прогнозата за економски раст на Србија од 4 % за 2025/26 г.
Банката наведува дека значајните капитални инвестиции поврзани со Експо 2027 може да го поттикнат економскиот раст, но предупредува на глобалните геополитички тензии, што може негативно да влијаат на извозот и приливот на директни странски инвестиции
Хрватската економија лани забележала раст од 3,8 отсто
Ако го погледнеме кумулативниот економски раст од почетокот на 2021 година, Хрватска има втор најголем реален раст во ЕУ, над 25 %, веднаш зад економијата на Малта, која во истиот период порасна за повеќе од 35 %, изјави хрватскиот премиер Пленковиќ
Фидан: Туркије целосно го поддржува територијалниот интегритет на БиХ
Проблемите треба да се решаваат со дијалог, а фактот што албанскиот пешадиски вод ќе служи во рамките на турската единица во БиХ е конкретен пример за турско-албанската соработка, рече Фидан по средбата со албанскиот колега Хасани
Што друго би сакале да знаете?
Популарни