По 7 октомври, тимот на ТРТ Балкан оствари теренски посети во неколку градови на Западниот Брег, известувајќи за различни аспекти од животот и предизвиците со кои се соочуваат Палестинците. Фото: ТРТ Балкан

Медалот Раѓање на државата на директорот на ТРТ Балкан и Претставништвото на Турската радио-телевизија (ТРТ) во Босна и Херцеговина, Емре Баштуг, му го врачи амбасадорот на Државата Палестина во Црна Гора, Рабии Алхантули.

ТРТ Балкан, медиумска платформа која известува за регионалните и светските настани од перспектива на истражувачко новинарство, од 7 октомври 2023 година секојдневно известува за израелските злосторства во различни дигитални формати, со содржини кои ја објаснуваат моменталната ситуација и позадината на израелскиот геноцид.

По 7 октомври, тимот на ТРТ Балкан оствари теренски посети низ неколку градови на Западниот Брег, известувајќи за различни аспекти од животот и предизвиците со кои се соочуваат Палестинците.

Во време кога мејнстрим и западните медиуми известуваат за израелскиот геноцид во согласност со нивните интереси и политики, овој медал му беше доделен на ТРТ Балкан како облик на признание за независно, отворено и вистинито медиумско известување и истражување за израелските злосторства и придонес кон постигнувањето на палестинската цел за независност.

За време на разговорот со директорот на ТРТ Балкан, палестинскиот амбасадор во Црна Гора истакна дека медиумите се многу важен фактор за откривање и пренесување на вистината и дека во оваа смисла улогата на медиумите е многу важна - да едуцираат, просветлуваат и да ја поучуваат публиката, особено кога известуваат за палестинското прашање.

Алхантули, кој потекнува од Џенин, е палестински амбасадор во Црна Гора од 2016 година, а ова е првпат во неговиот мандат да го додели овој медал на медиумска институција или поединец.

Државниот медал „Раѓање на државата“ го издава претседателот на Палестина, Махмуд Абас, а на кој пишува „Патот до слободата и независноста“. На задната страна на медалот е испишан датумот 29 ноември 2012 година и реченицата „Раѓање на Државата Палестина во ОН“, што се однесува на датумот кога Генералното собрание на ОН, со огромно мнозинство од 138 гласа „за“, ја призна Палестина како држава набљудувач која не беше членка на Обединетите нации.

TRT Balkan
Популарни