врските меѓу двата соседни народи имаат потенцијал значително да го зголемат просперитетот и динамиката на регионот / Photo: AA

Туркије и Грција во четвртокот ја објавија „Атинската декларација за пријателски и добрососедски односи“ за време на официјалната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на грчката престолнина.

„Препознавајќи ја обновената волја за соработка меѓу владите на двете земји и нагласувајќи дека врските меѓу двата соседни народи имаат потенцијал значително да го зголемат просперитетот и динамиката на регионот“, во декларацијата се нагласува потребата да се продолжи заедничката работа за корист на двете општества во атмосфера на пријателство и меѓусебна доверба.

Претходно претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис истакна дека нема некое прашање меѓу Туркије и Грција што не може да се реши.

„Праведното, постојаното и одржливото решавање на кипарското прашања врз основа на фактите на овој остров е од интерес на целиот регион. Сакаме Егејот да го претвориме во море на мирот и соработката. Сакаме со заеднички чекори, кои ќе ги направиме како Туркије и Грција, да бидеме пример во светот“, рече Ердоган.

Мицотакис изјави дека Туркије и Грција треба да работат заедно за подобра иднина.

„Мора да живееме во мир, да бараме решенија за нашите разлики“, рече Мицотакис, кој

истакна дека односите меѓу двете земји доживеале подеми и падови во текот на историјата, вклучително и во блиското минато, но го насочи вниманието на позитивниот поттик од пролетта, потсетувајќи дека тоа е негова трета средба со Ердоган во последните шест месеци.

AA
Популарни