Претставници на владите на Србија и Туркије денеска во Белград потпишаа низа договори     Фото: АА

Министрите за внатрешни работи на Туркије и Србија, Сулејман Сојлу и Александар Вулин, во присуство на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го потпишаа Протоколот за измени на Договорот за меѓусебно откажување од визите, потпишан во јули во Белград и Договорот за взаемно поттикнување и заштита на инвестициите.

Потпишани се и договор за соработка во областа на иновациите во напредните технологии, меморандум за разбирање и соработка во областа на сузбивање шумски пожари и меморандум за соработка во областа на медиумите и комуникациите, кои ги потпиша министерката за култура. на Србија, Маја Гојковиќ и претседателот на Дирекцијата за комуникации на Туркије Фахретин Алтун.

Потпишан е и меморандум за соработка во областа на електронската администрација меѓу Канцеларијата за информатичка технологија и електронска администрација на Србија и Канцеларијата за дигитална трансформација на Претседателството на Туркије.

Протоколот за соработка меѓу Радио телевизијата на Србија и Турската радиотелевизија го потпишаа генералниот директор на РТС Драган Бујошевиќ и генералниот директор на ТРТ Мехмет Захид Собачи.

AA
Популарни