Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во рамки на посетата на Анкара, Република Туркије денеска оствари средба со министерот за трговија на Туркије Омер Болат.
На средбата која што се одржа во Министерството за трговија во Анкара, беше разговарано за трговските и економските односи помеѓу Туркије и Северна Македонија, како и за развивањето и продлабочувањето на овие односи.
Страните на овој состанок се осврнаа и на можностите за соработка меѓу двете земји, а беше упатен и апел за зголемување на инвестициите.
Дурмиши на состанокот информираше дека Туркије е меѓу нашите најзначајни трговски партнери и земја која континуирано инвестира во македонската економија во разни сектори како стратешки инвестициски партнер.
“Податоците за трговска размена покажуваат дека Република Туркије минатата година е рангирана на 7-то место на листата на земји со кои Република Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Се надевам дека во наредниот период оваа соработка дополнително ќе се продлабочи“, кажа министерот Дурмиши на средбата
Двајцата министери разговараа и за поголемо учество на турските фирми во македонски инфраструктурни и енергетски проекти во насока на зголемување на инвестициите во Северна Македонија.
Министерот Болат истакна дека ги оцениле областите на соработка, особено во одбранбената индустрија.
Во објавата на својот профил на социјалните мрежи турскиот министер Болат информираше за средбата што ја имал во Министерството со министерот нДурмиши, како и со неговата делегација.
„Како Туркије му придаваме големо значење на зголемувањето на обемот на билатералната трговија со Северна Македонија, каде што нашите компании се меѓу значајните групи инвеститори и со кои сме седми најголем трговски партнер, како и на зајакнувањето на нашите области на соработка, првенствено на полето на одбранбената индустрија. Се надевам дека средбата што се одржа денес ќе придонесе за продлабочување на нашата билатерална соработка и во исто време среќен сум што сум им домаќин на почитуваниот министер и неговата делегација, кои се наши гости на овој величествен ден кога ја славиме 101-годишнината од нашата Република.“