Претплатниците на мобилна телефонија во Туркије оствариле двојно повеќе разговори од европскиот просек што изнесува 239 минути

Туркије, со просечно користење на мобилен телефон од 477 минути по жител месечно е на првото место меѓу европските земји, а во првите пет се Хрватска и Македонија, покажува анализата на Анадолу.

Според информациите што дописникот на АА ги собра од пазарните податоци за 2023 година на Управата за информатички технологии и комуникации на Министерството за транспорт и инфраструктура на Туркије, земјата имала приближно 92.230.985 мобилни претплатници во последниот квартал од 2023 година, што одговара на стапката на преваленција од приближно 108% (според бројот на население на земјата).

Во првиот квартал од минатата година во Туркије биле реализирани телефонски разговори во времетраење од 77 милијарди минути, 80,6 милијарди минути во вториот квартал, 83,7 милијарди минути во третиот квартал и 80,1 милијарди минути во четвртиот квартал.

На тој начин вкупното времетраење на мобилен и фиксен сообраќај во Туркије во 2023 година, во кое не е вклучено и времето на разговор минато преку интернет, изнесува 321,4 милијарди минути.

Во периодот октомври-декември 2023 година вкупниот мобилен сообраќај во оваа земја изнесувал приближно 78,9 милијарди минути, а износот на фиксниот сообраќај бил 1,2 милијарди минути. 95,4 отсто од извршениот сообраќај се состоел од конекција на мобилен со мобилен.

Туркије, со просечно користење на мобилен телефон од 477 минути по жител месечно во четвртиот квартал од 2023 година, го зачува првото место меѓу европските земји. Туркије, која е земја со најмногу мобилни телефонски разговори уште од 2012 година во Европа, ја зголеми разликата во однос на своите најблиски следбеници, Норвешка (377), Хрватска (322), Северна Македонија (234), Исланд (180) и Чешка (167). Во истиот период претплатниците на мобилна телефонија во Туркије оствариле трипати повеќе разговори од просечното време на користење на мобилен телефон месечно во Германија, кое изнесува 153 минути по лице и двојно повеќе од европскиот просек што изнесува 239 минути.

Додека вредноста на АРПУ (Average Revenue Per Unit) - месечен приход од претплатник за мобилни услуги изнесуваше околу 17,21 евра во западноевропските земји заклучно со четвртиот квартал од 2023 година, приходот по лице од претплатник во мобилната телефонија во Туркије во истиот период изнесуваше 4,26 евра.

Туркије со 477 минути разговори по претплатник го задржа првото место меѓу европските земји, а во исто време го привлече и вниманието врз себе како земја во која се наплаќа најмал месечен надоместок по претплатник.

Туркије е земја во која се наплаќа најмал месечен надоместок по претплатник AA
AA
Популарни