Турскиот домашен паметен електричен автомобил Тогг за првпат е користен во главниот бугарски град Софија, како службено возило на амбасадата на Туркије во овој град. Со автомобилот Тогг, новиот турски амбасадор во Бугарија, Мехмет Саит Ујаник, отиде на церемонијата на предавање на акредитивните писма на бугарскиот претседател Румен Радев.
Амбасадорот Ујаник, кој дојде во зградата на Претседателството, каде беа поставени знамињата на Бугарија, Туркије и на Европската унија (ЕУ), со турскиот домашен автомобил Тогг, беше пречекан од претставниците на протоколот на претседателот и официјалниот одред.
Амбасадорот Ујаник изјави дека е горд што го користи автомобилот Тогг во Софија.
„Голема чест е да го имаме нашиот домашен производствен автомобил во нашето дипломатско претставништво. Уште еднаш ја изнесовме компетентноста на Туркије во инженерството и технологијата на светската сцена“, изјави амбасадорот Ујаник. Ова искуство, во кое домашен автомобил беше користен како службено возило на амбасадата за прв пат, покажа дека Tогг почна да се претпочита во дипломатските претставништва на Туркије. Ова патување на амбасадорот Ујаник со Тогг го истакнува домашниот и националниот производствен капацитет на Туркије и придонесува за препознавање на Tогг на меѓународната сцена.
Во последните години Бугарија ги забрза своите инвестиции во технологијата и иновациите.
Присуството на Tогг во Софија поставува солидна основа за соработката на Туркије и Бугарија во областа на технологијата. Бугарските власти, особено претседателот Румен Радев, покажаа голем интерес за Тогг и го изрази своето задоволство од користењето на возилото од домашно производство на Туркије во Софија.
Тогг, ценет поради неговите високотехнолошки карактеристики и модерен дизајн, покажува дека Турјије ќе продолжи да биде силен играч на меѓународно ниво во автомобилската индустрија со овој важен развој.
Ујаник: Бугарија е наш сосед и сојузник во НАТО
По предавањето на акредитивното писмо, амбасадорот Ујаник го поздрави официјалниот одред кој беше присутен пред Претседателството.
Амбасадорот Мехмет Саит Ујаник, во изјава за агенција Анадолу по предавањето на акредитивните писма, истакна дека е голема чест да биде турски дипломат во Бугарија. „Бугарија е важна земја за нас бидејќи е сосед, сојузник во НАТО и пријател. Многу ги цениме нашите односи. Има голем потенцијал во многу области во нашите односи. Таа доби на интензитет особено со неодамнешните меѓусебни билатерални посети на високо ниво“, рече Ујаник.
Осврнувајќи се на билатералните економски односи, Ујаник истакна дека заемниот обем на трговска размена е 10 милијарди долари, а турските инвестиции во Бугарија надминуваат 2,5 милијарди долари.
„Нашите бизнисмени имаат голем интерес да инвестираат во Бугарија“, рече тој. Ујаник истакна дека наскоро ќе се одржи бизнис форум во Банско, Бугарија и ќе продолжи динамиката на инвестициите.