Турскиот министер Донмез се сретна со претседателот Пендаровски / Photo: AA

Министерот за енергетика и природни ресурси на Туркије, Фатих Донмез, се сретна со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

По договорот потпишан вчера за пренос на природен гас со Бугарија, министерот Донмез одржува средби во Скопје.

Министерот Донмез и придружната делегација беа примени од Пендаровски во претседателската резиденција „Вила Водно“. За време на посетата, Донмез беше придружуван и од амбасадорот на Туркије во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок.

На средбата одржана зад затворени врати за медиумите, според добиените информации, покрај соработката во областа на енергетиката, се разговарало и за односите меѓу двете земји.

Донмез во рамки на посетата на Скопје ќе оствари средба и со министерот за економија, Крешник Бектеши.

AA
Популарни