Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, оствари средба со шефот на дипломатијата на Северна Македонија, Бујар Османи.
Средбата се одржа на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, на којшто учествуваат претставници на 147 земји.
Форумот за дипломатија во Анталија претставува платформа за регионални и глобални актери од сферите на дипломатијата, политиката и бизнисот, за размена на идеи и справување со меѓународните предизвици.
AA