Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ќе присуствува на самит во Скопје / Photo: AA Archive

Турскиот министерот за надворешни работи Хакан Фидан, ќе присуствува на Самитот на шефови на држави и влади во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што се одржува во Скопје.

Според информациите добиени од дипломатски извори, Фидан ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на ПСЈИЕ во Скопје и во име на претседателот Ердоган ќе присуствува на Самитот на шефови на држави и влади.

Во овогодинешната Декларација на Самитот, во чии рамки традиционално се објавува декларација, ќе биде нагласена заедничката волја за соработка за сите регионални прашања.

Во изјавата на самитот и билатералните средби, Фидан ќе посочи дека Балканот, наречен уште и „Југоисточна Европа“, е приоритет за Туркије од географски, политички и економски аспекти, како и од историски, културни и хуманитарни врски и дека Туркије е составен дел на Балканот.

Фидан, кој се очекува да укаже дека зачувувањето на мирот и стабилноста на амбиентот на Балканот е меѓу приоритетите на надворешната политика на Туркије, ќе изјави дека тие придонесуваат во напорите за спречување на тензии кои имаат потенцијал да го загрозат овој амбиент во регионот.

Фидан посочи дека, како одраз на нејзината ефикасна поддршка на меѓународните механизми во Босна и Херцеговина и Косово, Туркије придонесува за меѓународно воено присуство како што се мировните сили на НАТО на Косово (КФОР) и Мировната мисија на Европската унија (ЕУФОР).

Фидан, кој се очекува да се повика на трипартитните консултативни механизми Туркије-Босна-Херцеговина-Хрватска и Туркије-Босна-Херцеговина-Србија спроведени со иницијатива на Туркије, ќе изјави дека тие претставуваат најконкретен пример за придонесот за добрососедските односи и регионална соработка.

Фидан ќе објасни дека Туркије активно учествува во платформата за регионална соработка која обединува 13 регионални земји и ја поттикнува регионалната соработка.

Привлекувајќи внимание на тековните конфликти во соседниот регион, Фидан ќе истакне дека тоа го прави одржувањето на мирот и стабилноста во Југоисточна Европа и одржувањето на разбирањето фокусирано на регионалната соработка поважно од кога било.

Се очекува Фидан да ги повика регионалните земји и меѓународната заедница „да го поддржат воспоставувањето праведен и траен мир во Газа“.

Процес за соработка во Југоисточна Европа

ПСЈИЕ, кој е единствениот форум за регионална соработка што вклучува 13 земји од регионот и е основан во 1996 година, ги вклучува Туркије, како и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Словенија, Грција.

Косово се приклучи на ПСЈИЕ во 2014 година со еднакви права со другите членки.

Покрај годишниот Самит на шефови на држави и влади, се одржуваат и два состаноци на министри за надворешни работи и состаноци на политички директори, од кои едниот е неофицијален.

Во рамките на ПСЈИЕ се одржуваат и состанокот на Парламентарното собрание и претседателите на парламентите, секторски состаноци и конференции на министерско и експертско ниво.

Во ПСЈИЕ, кој е структуриран како флексибилен постојан механизам за консултации и се спроведува со едногодишни мандатни претседателства, Туркије го имаше мандатот за претседавање во периодите 1998-1999, 2009-2010 и 2020-2021 година.

Северна Македонија, која го презеде претседавањето од Црна Гора од 1 јули 2023 година, го определи своето мото во овој процес како „Премостување меѓу разликите, градење доверба“.

Албанија ќе го преземе мандатното претседавање со ПСЈИЕ од 1 јули 2024 година.

AA
Популарни