Турскиот претседател Ердоган на Балканот: Партнерство и соработка     Фото: АА (Архива)

Република Туркије придава големо значење на соработката со земјите од Балканот. Ова Туркије го докажува низ годините наназад, негувајќи традиционално добри пријателски односи со сите земји во регионот. Од претстојната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на три балкански земји: Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска, од 6 до 8 септември, се очекува дополнително развивање на веќе добрата соработка на овие држави во политичка и економска смисла.

Освен силните културно-историски врски, во овој дел од светот во изминатите години Туркије играше важна улога во воспоставување на траен и одржлив мир, но и дијалог во поглед на смирување на одредени политички тензии. Низ трилатералните состаноци со посредство на Туркије, подобрена е соработката во многу општествено-политички области помеѓу Србија и Босна и Херцеговина, но и Хрватска и Босна и Херцеговина.

Поддршка за регионот

Во поглед на надворешната политика на балканските земји, Туркије постојано нагласува дека го поддржува членството на земјите од Балканот во НАТО и ЕУ.

Од економски аспект, Туркије е важен економски партнер и инвеститор на Балканот, за што говорат илјадници работни места отворени со посредство на претставништвата на оваа земја, но и турските компании кои работат на просторот од Северна Македонија, преку Косово и Црна Гора, до Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Во контекст на важноста на Туркије од економски аспект за земјите од регионот, говори и изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој нагласи дека во Северна Македонија, секоја четврта странска компанија има турски капитал.

Во изминатиот период потпишани се и многумина договори за трговска размена, каде Туркије посебно поволни услови даде за компаниите од земјите од Балканот, што директно влијаеше и на отворање нови работни места во фирмите чие седиште е во земјите од овој регион.

Република Туркије, со посредство на Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА), финансираше обнова на многумина културно-историски објекти, но и поттикнување на производство во бројни домашни компании во балканските држави.

Збратимени општини

Градовите и општините во Северна Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, се збратимија со турските, со кои остваруваат успешна соработка на локално ниво во сите животни полиња и ресурси.

Голема соработка Туркије и државите на Балканот остваруваат и преку спортот. Традиционално голем број фудбалери, кошаркари и други спортисти кариерите ги градат во државата на двата континенти, а турската спортска инфраструктура е една од најдобрите во светот.

Посета на БиХ, Србија и Хрватска

Тридневната посета на Балканот, претседателот Ердоган ќе ја започне во Босна и Херцеговина, при што ќе допатува во вторник на 6 септември, каде ќе се состане со државнот врв на земјата, која во последните години е во длабока политичка криза.

Вториот дел од официјалната посета на балканските земји, на 7 септември, Ердоган ќе отпатува во Белград, главниот град на Србија, во кој исто така ќе се состане со претставниците на државниот врв.

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган претстојната дипломатска турнеја на Балканот, ќе ја заврши со официјална посета на Република Хрватска на 8 септември. Турскиот претседател Ердоган во Хрватска ќе престојува на покана на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Ова ќе биде втора посета на земјите од Балканот на турскиот претседател Ердоган во текот на 2022 година. На почетокот на годината, во јануари, претседателот Ердоган престојуваше во посета на Албанија.

TRT Balkan
Популарни