Заедно со Берош се приведени неколку високо позиционирани лекари

Хрватските медиуми утринава објавија дека државниот министер за здравство Вили Берош е уапсен во акција на Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК).

Полицијата рано утринава упаднала во куќата на Берош во загрепската населба Јарун, а подоцна, според медиумите, министерот бил уапсен.

Според пишувањата на медиумите, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го разрешил Берош од министерската функција.

Се додава дека тој ја назначил д-р Ирена Хрстиќ за државен секретар кој ќе раководи со Министерството за здравство до стапување на функцијата новиот министер.

Наводно, станува збор за набавка на медицинска опрема за неврохирургија во загрепската болница Виноград.

Според неофицијални информации, има повеќе уапсени во акцијата на УСКОК.

„Апсењата и спроведувањето на итни доказни дејствија се резултат на истраги кои претходно ги спроведе УСКОК. Споменатите дејствија се спроведуваат на подрачјето на Загреб и Скрадин во врска со повеќе лица, од кои едното е високо рангиран владин функционер, за кои постои основано сомнение дека сториле коруптивни кривични дела „УСКОК по распит на осомничениот ќе донесе одлука за понатамошно постапување по предметот, за што навремено ќе ја информира јавноста“, соопшти УСКОК.

TRT Balkan / агенции
Популарни