Од МВР ги демантираа информациите во дел од медиумите дека убиениот е адвокат, посочувајчи дека станува збор за бизнисмен / Photo: Илустрација МВР

Три лица се осомничени дека убиле скопјанец попладнево во центарот на Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, двајца од нив се уапсени, а по третиот се трага.

Денеска во СВР Скопје било пријавено убиство на паркинг простор пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, при што со огнено оружје е застрелано едно лице и починало на местото.

„Од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно - тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. Имено, на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање, рекоа од МВР.

По убиството во медиумите се појавија информации дека убиениот е адвокат, како и дека бил ограбен.

Од МВР ги демантираа овие информирации со напомена дека убиениот бил бизнисмен, како и дека убијците сакале да го ограбат убиениот скопјанец.


TRT Balkan / агенции
Популарни