Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ ги распиша вонредните парламентарни избори за 11 јуни.
Ѓукановиќ на прес-конференцијата за медиумите изјави дека „сите во Црна Гора се свесни за длабоката политичка и институционална криза до која дошло пред се поради неодговорност и правниот авантуризам на актуелното парламентарно мнозинство, спремно преку неуставното делување да ги остварува своите политички цели.“
„Како претседател на сите граѓани истрајно се држев до Уставот, многу внимателно водејќи сметка да со вршење со својата надлежност со ништо не придонесам за спомнатата политичка и институционална криза“, наведе Ѓукановиќ. Тој рече дека со гласовите на 50 пратеници, на 20 август минатата година, на 43. црногорска Влада ѝ е изгласана недоверба.
„Од тој датум почна да тече рокот од 30 дена во кој извршив консултации со претставниците на политичките партии, настојувајќи најдоцна до 19 септември 2022 година на Собранието да му предложам мандат. Како што е познато, според мојот претходно образложен став, за тоа не се стекнаа неопходните услови“, истакнува Ѓукановиќ.
Како што истакна, лидерите на политичките партии, односно коалиции, кои тврдеа дека имаат потребно парламентарно единство за избор на мандатар за состав на Владата, не одговорија на повикот за консултации на претседателот, ниту правовремено ги поднеле потписите на пратениците, со кои се докажува дека безрезервно и отворено подржуваат конкретен кандидат.
Ѓукановиќ рече дека поради сето тоа наведено, денес, во согласност со Законот за избор на пратеници донел одлука за распишување на предвремени парламентарни избори, кои ќе се одржат на 11 јуни оваа година.
„Сведоци сме дека Црна Гора потполно е парализирана на европскиот пат и таа политичка и институционална агонија треба што поскоро да се прекине“, нагласи Ѓукановиќ.