Ѓулер истакна дека дијалогот е единствениот пат за мир и долгорочна стабилност во регионот / Photo: AA

Министерот за одбрана на Република Туркије, Јасар Ѓулер, во рамки на посетата на Косово, денеска одвоени се сретна со својот косовски колега Ејуп Маќедончи и со командантот на косовските безбедносни сили, генерал-потполковник Башким Јашари.

Министерот Маќедончи на својот колега му приреди официјален пречек пред Министерството за одбрана на Косово, а потоа следуваа средбите.

Министерот Ѓулер во изјава за медиумите ги пренесе поздравите на претседателот Ердоган, оценувајќи дека односите со Косово како партнер на Балканот продолжуваат да бидат многу стабилни во сите области.

Тој рече дека посетите и средбите на високо ниво придонесуваат за продлабочување на братските односи и стратешката соработка меѓу Косово и Туркије.

„Го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово, како и обединувањето со евроатлантските институции и членството во меѓународните организации. Во рамките на тоа имавме многу корисен и позитивен разговор со министерот. Го потенциравме фактот дека за нас, почнувајќи од Косово, од големо значење е мирот и безбедноста на Балканот“, рече министерот Ѓулер.

Тој истакна дека дијалогот е единствениот пат за мир и долгорочна стабилност во овој регион.

„Ова е подвлечено со фактот дека ја презедовме должноста на командата на КФОР, која ќе ја спроведеме со неутралност и целосна транспарентност“, рече Ѓулер.

Тој рече и дека конкретните чекори што ги презема Косово против терористичката организација ФЕТО, која е опасност за Косово, уште повеќе ќе ја зголемат соработката и пријателството меѓу двете земји.

Косовскиот министер Маќедончи рече дека Туркије била и останува стратешки партнер на Косово.

Тој посочи дека соработката меѓу двете земји се гради на взаемна доверба и како таква ќе продолжи да се продлабочува.

„Конкретно побарав од министерот Ѓулер поддршка за членството на Република Косово во Програмата за мир и ја истакнав важноста на нашето членство во НАТО, спроведувањето на заеднички мисии и други договори кои ќе отворат други полиња на соработка, рече Маќедончи.

Тој нагласи дека Косово е благодарно за поддршката на пријателската држава Туркије во сите фази од развојот на косовската армија.

Тој оцени дека меѓудржавниот договор за набавка на дронови е спроведен со полн успех.

Министерот за одбрана Јашар Ѓулер вчера ја започна посетата на Косово со средба со новиот командант на КФОР, турскиот генерал-мајор Озкан Улуташ и обиколка на гарнизонот турски војници во рамките на мисијата на НАТО на Косово (КФОР).

AA
Популарни