Баталјонот на турските специјалци, на барање на Командата на здружените сили на НАТО, е успешно трансфериран во Косово, каде во последните денови дојде до зголемување на тензиите.
Првиот дел на припадниците на баталјонот на специјалците придружен на командата 65. Механизирана пешачка бригада (Лулебургаз) во текот на викендот со возила стигна во Косово.
Вториот дел од специјалците денес со авион од воениот аеродром Чорлу стигна на Меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина.
На аеродромот во Приштина турските војници ги пречека турскиот амбасадор во Косово Сабри Тунч Ангили. Турските специјалци потоа отидоа во касарната „Султан Мурат“.
AA