Претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК) Ахмет Јенер изјави дека гласачкиот процес на денешните локални избори заврши без проблеми, со помали изолирани инциденти.
Низ Туркије гласачките места беа затворени и почна пребројувањето на гласовите. Гласачите денеска избраа нови свикувања на локалните власти.
Јенер ги потсети новинарите пред седиштето на ЈСК дека право на глас имаат 61.441.882 запишани гласачи на 207.848 избирачки места и дека во изборната трка учествувале 44 политички партии.
„Процесот на гласање беше завршен без никакви проблеми, освен неколку изолирани инциденти“, рече Јенер.
Тој додаде дека информациите за резултатите од преброените гласачки кутии се веќе внесени во унифицираниот систем и дека сите информации се споделуваат со политичките партии.
„Тие ќе продолжат да ги следат изборните резултати. Се надевам дека овие локални избори ќе бидат корисни за нашата земја, нашата нација и нашите политички партии“, рече Јерен и додаде дека ќе го разгледа прашањето за порано прекинување на забраната за објавување на изборните резултати, која е во сила до 21:00 часот по локално време.